Линкови за пристапност

Клинтон во Пакистан најави помош, побара посолидни односи


Американската државна секретарка Хилари Клинтон во Пакистан најави помош од 500 милиони долари во време кога САД се обидуваат да ја добијат довербата на јавноста во оваа земја за борбата против екстремизмот во соседен Авганистан.

На заедничката прес-конференција со пакистанскиот министер за надворешни Шах Махмуд Куреши во Исламабад понеделникот, Клинтон рече дека енергетските, водните, здравствените и земјоделските проекти ќе помогнат во промоција на пакистанскиот економски растеж, како и дека ќе изградат поцврсто американско партнерство со Пакистан.

Проектите се дел од програмата вредна 7,5 милијарди долари чија цел е да ги увери Пакистанците дека САД не се само ориентирани да го поддржат Пакистан во борбата против Талебан и милитантните на Ал-Каида, туку и на подобрување на животот на Пакистанците.

Куреши изјави дека зајакнатата соработка со САД на различни полиња е витална за менување на јавната претстава за САД во Пакистан.

XS
SM
MD
LG