Линкови за пристапност

Студија: Се` помалку луѓе загрижени за климатските промени


Студија: Се` помалку луѓе загрижени за климатските промени
Студија: Се` помалку луѓе загрижени за климатските промени

Според студијата, 31 процент од испитаниците веруваат дека најголема опасност се екстремните временски услови, додека 10 проценти и помалку велат дека главна грижа се сушата, ширењето на болести и поплавите.

Неодамнешно меѓународно истражување на германската медиумска куќа Дојче Веле и маркетишката истражувачка компанија Сајноват, покажува дека речиси еден на секои десет испитаници се изјасниле дека „не се загрижени“ за климатските промени. Ова е двојно повеќе од бројката од претходното истражување спроведено во 2008-ма.

На глобален форум во Бон, генералниот директор на Дојче Веле, Ерик Бетерман, повика до меѓународните медиуми да не се фокусираат на, како што ги нарече, „сензационалните“ ставови на оние кои порекнуваат дека постојат климатски промени или оние кои предвидуваат дека феноменот ќе води до неминовна катастрофа.

Бетерман истакна и дека истражувањето покажало оти многумина од луѓето нецелосно ја разбираат опасноста од климатските промени.

Според студијата, 31 процент од испитаниците веруваат дека најголема опасност се екстремните временски услови, додека 10 проценти и помалку велат дека главна грижа се сушата, ширењето на болести и поплавите.

„Климатските промени значат пошироко разбирање, не само на временските случувања. Климатските промени се и за тоа како ги користиме ресурсите во светот во кој живееме“, вели првиот човек на Дојче Веле.

Меѓу ресурсите спаѓаат фосилни горива, како нафта и јаглен за кои многумина научници велат дека произведуваат гасови што придонесуваат за глобалното затоплување.

Швајцарскиот авантурист и балонист Бертранд Пикард започна кампања за намалување на глобалната зависност од фосилни горива. Тој на форумот истакна дека планира да го обиколи светот со мал авион на соларна енергија.

„Ако можете да летате околу светот без гориво во авионот, дури и ако се располага со само еден пилот, сигурно дека луѓето на земјата ќе можат да ги употребат истите технологии и за нивните автомобили, за нивните уреди за греење, за ладење, за нивните комјутери и слично. Со тоа ќе се заштеди на енергија и на пари“, вели Пикард.

Тој додава деја неговиот проект Соларен импулс ќе ги убеди луѓето дека справувањето со климатските промени е можно и профитабилно.

Авторите на анкетата за климатски промени испитале 13.000 луѓе од 18 земји, меѓу февруари и април. Меѓу земјите се САД, Бразил, Кина, Франција, Германија и Јужна Африка.

XS
SM
MD
LG