Новообјавени документи од интерната електронска пошта на ЦИА сугерира дека поранешниот директор Портер Гос се согласил со одлуката во 2005-та да се уништат видео-лентите на кои испрашувачите користат техника на симулирање давење врз двајца осомничени во таен објект.
ЦИА ја објави електронската преписка како дел од судската постапка врз основа на Актот за слобода на информациите покрената од Американската унија за граѓански слободи.
Деведесет и двете покажуваат двајца мажи, вклучувајќи го и наводниот оперативец на Ал-Каида, Абу Зубајда, кој бил подложен на контроверзната техника на испрашување во објекти на ЦИА во 2002-ра.
Претходно беше познато дека поранешниот шеф на службата за доверлив материјал при ЦИА, Хозе Родригез, наредил снимките да бидат уништени. Други официјални лица велат дека Гос не ја одобрил наредбата и бил лут кога дознал за тоа. Портпаролот на Гос одби да коментира за новообјавената електронска пошта.
Во една од пораките, надвор од контекст, се вели дека лентите може да направат ЦИА да изгледа „ужасно“.
Во друга порака се вели дека тогашната советничка во Белата куќа, Хариет Маерс, била многу лута што била информирана за уништувањето на лентите отпосле.
Американскиот оддел за правда врши истрага дали персоналот на ЦИА ги прекршил законите со испрашувањето на осомничените терористи.