Линкови за пристапност

Панета: Американските напади ја ослабеа Ал Каида


Во интервју за весникот Вашингтон пост, Панета рече дека соработката меѓу ЦИА и нивните колеги во Пакистан изминатава година се подобрила.

Директорот на ЦИА, Лион Панета вели дека агресивните напади врз Ал-Каида во Пакистан го присилиле Осама бин Ладен и неговите главни соработници подлабокода се кријат и ја ослабеле способноста на терористичката група да планира софистицирани операции.

Во интервју за весникот Вашингтон пост, Панета рече дека соработката меѓу ЦИА и нивните колеги во Пакистан изминатава година се подобрила.

Во среда, пак, друг американски претставник за контра-тероризам изјави дека доказите покажуваат оти во минатонеделниот напад со беспилотно летало во северен Пакистан, бил убиен висок лидер на Ал-Каида.

Истиот извор кој побарал да остане анонимен, вели дека Хусеин ал-Јемени може да бил учесник во планирањето на самоубиствениот бомбашки напад на 30-ти декември минатата година врз локација на ЦИА во Авганистан. Тогаш загинаа американски и еден агент од Јордан.

ЦИА јавно не зборува за американската улога во нападите во Пакистан, но првиот човек на агенцијата вели дека нападите врз Ал-Каида биле „најагресивната операција“ во историјата на ЦИА.

XS
SM
MD
LG