Американската Централна разузнавачка агенција вели дека игнорираните предупредувања, неподобната безбедносна клима и погрешната проценка се дулумно заслужни за самоубиствениот бомбашки напад во источен Авганистан во 2009-та година, при што загинаа седум агенти на ЦИА.
ЦИА спроведе сопствена истрага по случајот според која систематски пропусти резултирале со напад од страна на јорданскиот информант, Хјуман Калил Абу-Мулал ал-Балави.
Директорот на ЦИА Лион Панета истакна дека јорданските претставници изразиле загриженост за Балави за кого се дознало дека е симпатизер на Ал-Каида.
Но во извештај до вработените на ЦИА објавен во вторникот, Панета вели дека пропустите се случиле на ниво на цела агенција и поради тоа, „одговорноста не може да ја преземе одреден поединец или група“.
Тој воедно вети структурни промени во ЦИА, вклучувајќи заострени безбедносни процедури, подобрена обука и постабилни контраразузнавачки тактики.