Линкови за пристапност

Каква е улогата на МПЦ во општеството?


Илјада години Охридска архиепископија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00

Охрид со свечена академија го одбележува големиот јубилеј, 1000 години од Охриската архиепископија

Македонската православна црква - Охридска архиепископија повеќе од 50 години живее во изолација во однос на другите православни цркви. Но, сепак нејзината улога во македонското општество е значајна, вели владиката Тимотеј.

„Охридската архиепископија секогаш била главна водилка во опстојување на нашиот народ. Благодарение на неа, се зачувал националниот идентитет и слободарскиот дух, со цел да се избориме и да дојдеме до ова што го имаме денес - слободна независна македонска држава. Улогата на Охридската архиепископија како автокефална црква, е многу важна. Не само како верници, таа не зачувала и како посебен народ“, рече митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј.

Се смета дека Охридската архиепископија е првата словенска православна црква. Укината е во 1767-та година од грчкиот патријарх Самоил.

„Обновена е во 1967-та година. Тоа се точно 300 години. Во 1967-та година на 13-ти јули, во црквата „Света Богородица Перивлепта“ е донесена одлука за автокефалност на МПЦ, која е продолжение на Охридската архиепископија. Но, почитта кон МПЦ е голема уште пред нејзиното признавање“, рече историчарот по уметност Гоце Жура.

Жура додава дека според историските податоци, во Охрид ја донел македонскиот цар Самоил.

„Откако цар Самоил од Преспа дошол во Охрид, тој ја донел и Архиепископијата. Самоил ја направил патријаршија, што е највисоко ниво, и таа станала автокефална. Тој сакал Охрид да го направи на исто ниво како Цариград“, додава Жура.

За владиката Тимотеј, одлуката на бугарските владици да не присуствуваат во Охрид на овој голем настан не е изненадувачка, и покрај тоа што БПЦ се заложи дека ќе биде мајка црква на МПЦ.

Тој вели дека МПЦ треба да се обрати за помош до сите православни цркви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG