Линкови за пристапност

Кинескиот претседател ќе присуствува на нуклеарен Самит во Вашингтон


Портпаролот не ги коментираше извештаите дека Пекинг е подготвен да поддржи нови санкции врз Иран.

Кинескиот претседател Ху Џинтао ќе присуствува на важен самит за нуклеарна безбедност во САД подоцна месецов, во време кога официјален Пекинг испраќа сигнали дека е подготвен да ги продолжи разговорите со светските сили за иранското нуклеарно прашање.

Потврдувајќи го учеството на Ху, портпролот на кинеското Министерство за надворешни работи Кин Генг изјави дека кинеската страна е претежно загрижена за заканата од нуклеарен тероризам и ги поддржува меѓународните напори за јакнење на соработката во борбата против него.

Портпаролот не ги коментираше извештаите дека Пекинг е подготвен да поддржи нови санкции врз Иран. Поголемиот дел од меѓународната заедница се сомнева дека режимот во Техеран развива нуклеарно оружје.

Главниот ирански преговарач Саид Џалили е во Пекинг, на средби со кинеските лидери. Кинескиот портпарол не даде детали за разговорите.

XS
SM
MD
LG