Линкови за пристапност

Кина го поздрави коментарот на Обама за односите


Во изјавата од понеделникот со која му посака добредојде на новиот кинески амбасадор, Обама ја реафимираше американската политика на „една Кина“.

Кина ја поздрави најавата на американскиот претседател Барак Обама да развие попозитивни односи со Пекинг. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Кин Генг изјави дека земјата особено ги цени американско-кинеските односи и секогаш работи на долгорочни, здрави врски.

Во изјавата од понеделникот со која му посака добредојде на новиот кинески амбасадор, Обама ја реафимираше американската политика на „една Кина“. Тој ја истакна и важноста Вашингтон и Пекинг да соработуваат на клучните глобални прашања, како спречување на ширењето на нуклеарно оружје и глобалниот растеж.

Во последните неколку месеци дојде до напнатост во односите меѓу САД и Кина поради трговски и дипломатски прашања, меѓу што и американската продажба на оружје на Тајван во вредност од 6,4 милијарди, вредноста на кинеската валута, како и кинеската цензура на Интернет.

XS
SM
MD
LG