Линкови за пристапност

Кина бара поголем дијалог со САД


Кина бара поголем дијалог со САД
Кина бара поголем дијалог со САД

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Кин Генг во Пекинг изјави дека владата е подготвена да ја зајакне комуникацијата со официјален Вашингтон.

Кина тврди дека сака да ги разреши разликите со САД преку дијалог и преговори.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Кин Генг во Пекинг изјави дека владата е подготвена да ја зајакне комуникацијата со официјален Вашингтон.

Напнатоста меѓу Кина и САД во последно време се зголемува поради редица спорни прашања, меѓу кои и вредноста на кинеската валута. Јенот е ефективно врзан за американскиот долар уште од 2008-ма, што според американски владини лица причинува тој да е на вештачко ниско ниво, а цената на кинескиот извоз да биде пониска.

Во САД расте притисокот врз владиниот Оддел за финансии да ја етикетира Кина како валутен манипулатор во извештајот што треба да биде објавен на 15-ти април. Двопартиска група од 130 пратеници го повика секретарот за финансии Тимоти Гајтнер во извештајот да побара мерки против кинеската монетарна политика.

XS
SM
MD
LG