Линкови за пристапност

САД не ја нарекоа Кина манипулатор на валута


Извештајот на администрацијата на претседателот Обама предизвика лутина кај некои американски законодавци кои тврдат дека кинеската валута е потценета за 40 проценти.

Американската влада во долгоочекуван извештај одби да ја етикетира Кина за манипулатор на сопствената валута.

Во извештајот објавен во четвртокот, американскиот Оддел за финансии заклучи дека кинеската валута, јуанот, вештачки се одржува под реалната вредност, но Пекинг сепак не е наречен манипулатор.

Во документот се истакнува дека Кина на 19-ти јуни соопштила дека најавува поголема флексибилност во нејзината политика за вредноста на валутата.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер истакна дека администрацијата внимателно ќе ги набљудува случувањата во врска со јуанот.

Кина ја укина строгата контрола врз јуанот пред средбата на лидерите на 20-те водечки економии во светот минатиот месец.

Извештајот на администрацијата на претседателот Обама предизвика лутина кај некои американски законодавци кои тврдат дека кинеската валута е потценета за 40 проценти.

XS
SM
MD
LG