Линкови за пристапност

Спасени 115 рудари во Кина, 38 и натаму исчезнати


Спасувачките екипи изразија уверување дека и преостанатите 38 рудари кои се водат за исчезнати наскоро ќе бидат пронајдени.

Најмалку 115 рудари живи беа извлечени од поплавениот рудник за јаглен во понеделникот во северна Кина, откако беа заглавени длабоко под земја преку една недела.

Некои од преживеаните изјавија дека јаделе кора од дрво и пиеле нечиста вода за да останат живи, додека други биле закачени на ѕидовите на рудникот за да не се удават.

Сите рудари се во стабилна здравствена состојба по девет дена минати во рудникот.

Спасувачките екипи изразија уверување дека и преостанатите 38 рудари кои се водат за исчезнати наскоро ќе бидат пронајдени.

Локалните власти спасувачката операција ја нарекоа „чудо“. Кинеската рударска индустрија досега има регистрирано најмногу смртни случаи во светот.

XS
SM
MD
LG