Линкови за пристапност

Луксузните производи се` попопуларни во Кина


Луксузните производи се` попопуларни во Кина
Луксузните производи се` попопуларни во Кина

Контрадикторно е што иако Кина е дом на се` поголем број милијардери, просечниот приход по глава на жител за популацијата од 1,3 милијарди, и натаму е меѓу најниските во земјите во развој.

Ова е гардеробер каков што не можеше да се замисли во Кина од времето на Мао Цедунг. Но, Кси Ксиоја оди на забава и вели дека итно и` се потребни соодветни чевли и чанта за да и` одговараат со фустанот од марката Валентино.

Ксие е извршен директор во маркетинг агенција во Пекинг и заработува околу 73.000 долари годишно. Таа вели дека најмалку една третина од примањата троши на луксузни производи од познати дизајнери и скапи часовници.

За Кси, ова е важен дел од нејзиниот имиџ.

„Брендот само придонесува за самодовербата кај луѓето и социјалното признавање“, вели таа.

Додека поголемиот дел од светот се справува со проблемите на рецесијата, продажбата на луксузни добра во Кина забележа пораст за 30 проценти.

Жан-Мишел Думонт е директор на компанија за односи со јавноста во Азија. Тој вели дека минатата година Кинезите потрошиле 9,4 милијарди долари на луксузни производи, претекнувајќи ги САД и веднаш по Јапонија станаа втор најголем пазар за вакви производи. Зголумувањето на понудата на пазарот за луксузни производи во Кина се очекува да достигне 14 милијарди долари во наредните пет години.

„Ова е отсликување на општествените промени, економските трендови во Кина воопшто“, вели Думонт.

Контрадикторно е што иако Кина е дом на се` поголем број милијардери, просечниот приход по глава на жител за популацијата од 1,3 милијарди, и натаму е меѓу најниските во земјите во развој.

XS
SM
MD
LG