Линкови за пристапност

Опасност од дополнително лизгање на земјиштето поради нови дождови во Кина


Екипите за итна помош се борат против избивање на заразни болести од нечистата вода за пиење и несанитарните услови.

Расте бројот на загинати од лизгањето на земјиште во северозападниот дел на Кина. Властите вторникот соопштија дека се потврдени 1.117 жртви во покраината Гансу, каде 10.000 војници се`уште трагаат по длабоката кал.

Метеоролозите за наредните неколку дена предвидуваат поројни дождови, што предизвика загриженост дека може да дојде до ново лизгање на земјиштето. Властите соопштија дека го намалиле обемот на вештачкото езеро создадено од наносите на кал и урнатини што ја блокираше реката Баилонг, со тоа намалувајќи ја опасноста од катастрофално пробивање на браната.

Екипите за итна помош се борат против избивање на заразни болести од нечистата вода за пиење и несанитарните услови.

XS
SM
MD
LG