Спасувачките екипи понеделникот извадија десетици тела од длабока кал во северозападниот дел на Кина, каде над 1.000 се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето.
Властите велат дека засега се потврдени 337 загинати во несреќата што проголта цели села во покраината Гансу.
Премиерот Вен Џинбао по вторпат го посети погодениот регион и ги повика спасувачите да не се откажуваат од потрагата по преживеани.