Линкови за пристапност

Пораст на кинеската валута по ветувањето за поголема флексибилност


Јуанот порасна на околу 6,8 во однос на доларот, што е речиси четири десетини од процент повеќе од вредноста минатиот петок.

Вредноста на јуанот во размената понеделникот достигна највисоко ниво во последниве пет години, откако официјален Пекинг вети дека ќе ја направи валутата пофлексибилна.

Јуанот порасна на околу 6,8 во однос на доларот, што е речиси четири десетини од процент повеќе од вредноста минатиот петок. Како реакција на тоа, клучните стокови индекси во Азија, Европа и САД забележаа стабилен подем. Пораснаа и цените на непреработената нафта и бакарот, со оглед на фактот дека инвеститорите предвидуваат дека посилната кинеска валута ќе го поттикне извозот на одредени артикли.

Американскиот амбасадор во Кина Џон Хантсман кажа дека промената „симнала од маса иритирачки чинител“ во односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Кинеската влада беше под се` посилен притисок од САД, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд да дозволи превреднување на јуанот.

XS
SM
MD
LG