Линкови за пристапност

Кина до „стелт“ технологија преку соборениот американски авион во Србија?


Кина до „стелт“ технологија преку соборениот американски авион во Србија?
Кина до „стелт“ технологија преку соборениот американски авион во Србија?

Кина изврши прв лет на својот стелт борбен авион порано месецов, за време на посетата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на Пекинг

Меѓународните медиуми шпекулираат дека Кина можеби делумно научила како да изгради „стелт“ борбен авион, кој е невидлив за радарот, преку проучување на остатоците на таквиот американски авион соборен во Србија во 1999-та.

Американскиот авион од типот Еф-117 „Најтхок“, соборен од проектил земја-воздух од руско производство, е единствен авион со стелт технологија што досега се има урнато.

Новинската агенција Асошиетед прес го цитира началникот на хрватскиот Генералштаб за време на војната на Косово, адмиралот Давор Домазет-Лошо, дека кинески агенти биле присутни во областа каде бил соборен авионот, како и дека купувале делови што локалните земјоделци ги зеле како сувенири.

Домазет-Лошо, кој ги заснова информациите врз хрватски разузнавачки извештаи, за Асошиетед прес изјави дека верува оти кинеските инженери ги употребиле тие делови „за да се здобијат со поголемо познавање за стелт технологијата“.

Кина изврши прв лет на својот стелт борбен авион порано месецов, за време на посетата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на Пекинг.

XS
SM
MD
LG