Линкови за пристапност

Продолжуваат спасувачките напори во Кина


Продолжуваат спасувачките напори во Кина
Продолжуваат спасувачките напори во Кина

Тибетанските свештеници се вклучија во спасувачките напори

Спасувачките екипи обезбедуваат помош за повредените и бездомните од земјотресот во западна Кина, каде бројката загинати се искачи на 791 лице.

Лекарите имаат проблем да се справат со околу 11.000 луѓе кои се повредени од земјотресот со јачина од 6, 9 степени со епицентар во општината Јушу во зафрлената провинција Кингхаи, која се граничи со Тибет. При земјотресот беа урнати згради и уништени патишта.

Преживеаните и спасувачите се соочени со студеното време и здравствени проблеми заради надморската височина на погодената област. Регион се наоѓа на 4.000 метри над нивото на морето.

Тибетанските свештеници се вклучија во спасувачките напори во тешко погодениот град Џиегду и копаат низ урнатините во потрага по преживеани.

Претседателот Ху Џинтао се враќа во Кина откако ја откажа планираната посета низ Јужна Америка.

XS
SM
MD
LG