Линкови за пристапност

Кина ги повика САД да не го политизираат спорот околу јенот


Кина ги повика САД да не го политизираат спорот околу јенот
Кина ги повика САД да не го политизираат спорот околу јенот

Изминативе неколку недели се интензивираа тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон околу вредноста на јенот што е ефективно врзан со американскиот долар уште од 2008-ма година.

Кина повторно ги повика САД да не го политизираат спорот околу вредноста на нејзината валута. Претставникот на Министерството за трговија Хи Нинг го отфрли предлогот на група американски сенатори за воведување на санкции против Кина доколку не изврши превреднување на јенот. Нинг кажа дека мерката е „надворешно вознемирување“ што би ги комплицирало преговорите по прашањето.

Изминативе неколку недели се интензивираа тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон околу вредноста на јенот што е ефективно врзан со американскиот долар уште од 2008-ма година. САД ја обвинија Кина за вештачко одржување на јенот на ниско ниво, со цел кинеските производи да бидат поевтини на глобалните пазари.

XS
SM
MD
LG