Линкови за пристапност

Извлечени сите рудари во Чиле


Извлечени сите рудари во Чиле
Извлечени сите рудари во Чиле

Чилеанскиот министер за здравство Хаиме Маналич вели дека рударите се во добра здравствена состојба.

Еден-по-еден, во Чиле беа извлечени сите 33-ца рудари кои преку два месеци беа затрупани повеќе од половина километар под земја.

Прв кој со капсулата за спасување „Феникс“ беше извлечен на површината беше 31-годишниот Флоренсио Авалос. Носејќи црни очила за да ги заштити очите од светло по 10 недели минати под земја, тој најпрвин ги прегрна синот и сопругата, по што беше поздравен од чилеанскиот претседател Себастијан Пинера.

Избушената дупка за спасување е длабока 622 метри и за извлекување на еден рудар е потребен приближно еден час. Се очекува спасувањето да трае до два дена.

Работниците примија лекарска помош веднаш откако беа извлечени на површината.

Чилеанскиот министер за здравство Хаиме Маналич соопшти рударите се во добра здравствена состојба.

XS
SM
MD
LG