Линкови за пристапност

Обама: Чиле е пример за демократска транзиција


Обама: Чиле е пример за демократска транзиција
Обама: Чиле е пример за демократска транзиција

Сличен став американскиот претседател изрази и за Бразил

Американскиот претседател Барак Обама денеска се среќава со претседателот на Чиле Себастијан Пинера во рамки на неговата турнеја низ Латинска Америка.

Обајцата лидери се очекува да одржат и заедничка прес-конференција по разговорите кои главно ќе се фокусираат на економската и енергетската соработка, како и одговорот по катастрофалниот земјотрес што го погоди Чиле минатата година.

Обама според најавите ќе ја пофали транзицијата на Чиле од армиско владеење кон демократија, како модел за другите земји ширум светот. Тој изрази сличен став и во неделата во Рио де Женеиро за време на посетата на Бразил. Американскиот лидер ја издвои земјата како пример за тоа како една 20-годишна диктатура, може да стане демократија во подем.

Обама подвлече дека Бразил му покажал на арапскиот свет и на другите држави дека популарното востание што започна на улиците, може да ја трансформира земјата и светот.

XS
SM
MD
LG