Инженерите во Чиле започнаа со процесот на дупчење на отвор низ кој би се ослободиле 33-цата рудари кои веќе три недели се заглавени во рудникот за злато и бакар.
Се очекува и рударите да учествуваат во спасувачките напори со тоа што би ги расчистувале карпите и урнатините како резултат од дупчењето.
Чилеанскиот министер за рударство Лоренс Голборн, предупреди дека спасувачките напори може да траат три до четири месеци и покрај проценките од некои инженери дека евакуацијата би се реализирала за двојно помалку време.