Линкови за пристапност

Спасените рудари во Чиле на болничко испитување


Спасените рудари во Чиле на болничко испитување
Спасените рудари во Чиле на болничко испитување

Медиумскиот фокус на драматичното и комплескно спасување направи рударите да станат познати низ цел свет.

Најздравиот од 33-цата спасени рудари во Чиле би можел да биде отпуштен од болица уште во четврток. Ова го изјави чилеанскиот министер за здравство Хаиме Маналич, кој кажа и дека тие веднаш по спасувањето беа упатени во болница на испиту вање. Еден добил лекарска помош за пневмонија, но останатите биле во добра здравствена состојба.

Медиумскиот фокус на драматичното и комплескно спасување направи рударите да станат познати низ цел свет. Има извештаи дека некои добиле понуда за работа, а во игра се и договори за филм или пак книга. Наводно, директорот на компанијата Епл Стив Џобс и странски фудбалски екипи се меѓу оние кои испратиле подароци за рударите.

Чилеанскиот претседател Себастијан Панера, кој ги пречека рударите откако беа извлечени на површината, ги покани на прием во претседателската палата во Сантијаго.

Спасувањето чинело 20-тина милиони долари, соопшти чилеанската влада.

XS
SM
MD
LG