Линкови за пристапност

Поранешниот потпретседател Дик Чејни се чувствува подобро


Поранешниот потпретседател на САД беше примен во болница во петокот откако се пожалил дека не се чувствува добро.

Ќерката на поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни вели дека нејзиниот татко се чувствува подобро и дека се надева оти ќе биде отпуштен од болница во понеделник.

Лиз Чејни изјави дека нејзиниот татко со лекарскиот тим ќе продолжи со терапијата за неговите долгогодишни проблеми со срцето.

Поранешниот потпретседател на САД беше примен во болница во петокот откако се пожалил дека не се чувствува добро. Од неговата канцеларија беше соопштено дека лекарите откриле дека околу срцето почнала да се собира течност, што е поврзано со неговата болест на коронарната артерија.

Чејни досега има преживеано пет срцеви напада, првиот во 1978, кога имал само 37 години. Последниот удар се случи во февруари.

XS
SM
MD
LG