Линкови за пристапност

Мобилниот телефот го зголемува ризикот од рак


Мобилниот телефот го зголемува ризикот од рак
Мобилниот телефот го зголемува ризикот од рак

Научен извештај објавен од Светската здравствена организација заклучува дека радио фрекфенциите и електромагнетските полиња – вклучувајќи ги оние рутински емитувани од мобилните телефони – „можно“ е да се канцерогени за луѓето

Светската здравствена организација и Меѓународната агенција за истражување на ракот го соопштија она што повеќето научни студии го сугерираа со децении – дека е можна поврзаност меѓу употребата на мобилните телефони и милигниот тумор на мозокот. Д-р Џонатан Самет, кој раководел со работната група од 31 меѓународен научник од 14 земји од светот, одлуката ја соопшти по едноделните средби и дискусии во Лион, Франција.

„Работната група ги класифоцира радио и електромагнетните полиња како можни канцерогени извори за луѓето. Ова е во рамки на класификацијата на Меѓународната агенција за истражување на појава на ракот“, вели овој експерт.

Групата советува дека поради тоа што пет милијарди луѓе ширум светот во моментов користат мобилни телефони, потребно е натамошно истражување на оваа тема. Според извештајот, на ризик од можно заболување од рак на мозок се изложени лицата со прекумерна употреба на мобилните телефони и изложеност на други извори на радијација.

Работната група имаше осумдневни состаноци во Франција на кои беа разгледувани сите претходни студии во однос на последиците на електромагнетната радијација врз луѓето и животните изминатава деценија.

Експертите, како Камила Рис, основач на групата Електромагнетно здравје, со седиште во САД, сепак предупредуваат дека претстои уште многу работа. Тие велат дека постојат многу други последици од радијацијата, како оштетувања на човечките клетки, на кои СЗО се очекува допрва да посвети внимание. Но засега, Рис истакнува дека постои итна потреба од отпочнување на кампања за заштита на децата од последиците од електромагнетните полиња, а особено од мобилните телефони.

XS
SM
MD
LG