Линкови за пристапност

Најдобра одбрана од ракот на дојка


Најдобра одбрана од ракот на дојка
Најдобра одбрана од ракот на дојка

Рак на дојка е втора најзастапена форма на рак меѓу жените во САД и водечка причина за смрт меѓу жените од Јужна Америка.

Годинава на еднаипол милијарда жени во светот ќе им биде кажано дека боледуваат од рак на дојка. Стручњаците велат дека сега стапката на преживување е 98 проценти – доколку се открие рано.

Рак на дојка е втора најзастапена форма на рак меѓу жените во САД и водечка причина за смрт меѓу жените од Јужна Америка.

Студија на Харвардскиот универзитет покажува дека повеќе од половина од 450.000 луѓе кои умреле од рак на дојка минатата година живееле во земји во развој. Сепак, експертите велат дека многу од тие смртни случаи можеле да бидат спречени доколку биле откриени рано.

Во моментов мамографијата е најдобра техника за откривање на болеста.

„Кога ракот на дојка е доволно голем да биде почувствуван, значи дека е поголем и се раширил преку дојката. Целта ни е да го откриеме кога е мал и сеуште во рамки на дојката“ вели доктор Лора Шепардсон од Клиниката во Кливленд.

Доктор Елмер Хуерта од Вашингтонскиот болнички центар наведува дека многу јужноамерикански заедници немаат мамографски апарати и се недоволно информирани за болеста.

„Така, ако имате комбинација од тивка состојба и немање приод до методи за рано откривање, кога жените забележуваат нешто, тоа е кога туморот метастазирал. Бараат помош, но тогаш е обично доцна“, вели Хуерта.

Доктор Шепардсон додава дека информираноста е клучна за надминување на митовите. Еден од најголемите е идејата дека секоја грутка автоматски е рак.

„За секоја грутка во града има многу бенигни објаснувања, како цисти на пример, а може и модринка на градата да изгледа како грутка. Сомнителна грутка е тврда, со неправилни рабови и обично безболна“, вели Шепардсон.

Друга работа што многумина не ја знаат е дека семејната историја е фактор. Статистиката покажува дека жени со блиски роднини кои имале рак на дојка имаат поголеми шанси самите да го добијат. Но, тоа не е затоа што ракот е заразен. Шепардсон тоа го нагласува заедно со фактот дека и мажите можат да развијат рак на дојка.

Постои и лажно верување дека мамографот може да го рашири ракот преку радијација.

„Мамограмите користат многу слаба доза на радијација. Многу други нешта во секојдневниот живот се исто толку ризични. Потенцијалниот ризик од експонирање на рак на дојка е далеку помал од користа од скенирањето“, вели Шепардсон.

Сепак, најопасната работа во врска со ракот на дојка е неговата тивка природа. Многу често доаѓа како изненадување, затоа што не боли додека расте. Заради сево ова – за жените од 40-тата година нагоре, а некои сугерираат и порано, годишни мамограми се императив, велат лекарите.

XS
SM
MD
LG