Линкови за пристапност

Стар метод со нови примеси за третман против ракот


Стар метод со нови примеси за третман против ракот
Стар метод со нови примеси за третман против ракот

Научниците сепак предупредуваат дека на процедурата не треба да се гледа како на „магично стапче“ во борбата против ракот.

Вообичаено за третманите против ракот потребни се лекови со силно дејство или радијација. Но, загревањето на туморот или хипертермија, може исто така да биде дел од терапијата.

„Хипертермијата е стара технологија, верувам најпрво е забележана на папирус од страна на Египќаните. Ова е прва позната терапија за рак на дојка. Идејата е кога се зголемува телесната температура, се поттикнува шок кај клетките, што ги прави поранливи на штетата причинета од хемотерапија и радијација“, вели Џефри Росен од Колеџот по медицина Бејор во Тексас.

Еден од проблемите при користење на топлина против ракот е што може да го оштети околното, здраво ткиво. Росен додава дека микроскопски честички од злато, таканаречени наночестички, може да бидат внесени во телото за да обезбедат топлината да влегува на вистинското место.

„Златните наночестички имаат способност да се активираат преку улравиолетови ласери што можат да се загреат мошне брзо“, вели овој експерт.

Тој додава дека наночестичките патуваат до местата каде што се потребни, до ракот, за да не дојде до загревање на здравото ткиво.

„Златните наночестички практично се акумулираат во крвните садови на туморот, а ласерот може да се употреби локално само да го загрее местото“, изјави Росен.

Овој научник вели дека употребата на лабараториски глувци во студијата, сугерира дека третманите со топлина може да бидат ефикасен начин за надополнување на радијацијата или хемотерапијата за пациенти со одреден вид на тумор, вклучувајќи го и ракот на дојка. Росен, сепак, предупреди дека на процедурата не треба да се гледа како на „магично стапче“ во борбата против ракот.

XS
SM
MD
LG