Двопартиска комисија, основана од претседателот, предложи стратегии за кратење на американскиот буџетски дефицит.
Во извештајот објавен средата, Комисијата за буџетска реформа Петерсон-Пју даде препораки за намалување на долгот преку кратење на годишните зголемувања за владините пензии и промена на правилата за данок на хипотекарската камата.
Комисијата предложи и зголемување на старосната граница за пензионирање на 68 години до 2050-та и 69 до 2075-та. Сегашната граница е 67 за лица родени по 1959-та.
Целта е да се намали американскиот дефицит за 4 трилиони долари во текот на наредните десет години.
Комисијата треба да го поднесе извештајот до претседателот Обама до 1-ви декември. Но, за да може да го стори тоа, најмалку 14 од вкупно 18-те нејзини членови треба да бидат согласни за препораките. Веќе постои извесно несогласување меѓу репбликанските и демократските членови околу различни предлози.