Линкови за пристапност

Договор за буџетот не е ни на повидок


Договор за буџетот не е ни на повидок
Договор за буџетот не е ни на повидок

Меѓупартиските препукувања во САД продолжуваат, засега никој не попушта

Претседателот на Претставничкиот дом што се наоѓа под контрола на републиканците, Џон Бенер вели дека е подготвен да постигне договор со демократите и Белата куќа.

Но, во интервјуто за телевизијата CBS, тој истакна дека патот до здрав финансиски систем е во намалување на федералните трошоци, а не во зголемување на даноците.

„Се` треба да биде ставено на маса, освен зголемување на даноците, бидејќи тоа ќе и` наштети на нашата економија и способноста да креираме работни места за нашата држава“, истакна Бенер.

Партиската поделеност околу буџетот продолжува. Демократите се согласуваат за потребата од скратување на трошоците, но инсистираат дека комбинација од буџетски скратувања и повисоки даноци за оние со повисоки примања, ќе обезбеди намалување на дефицитот, без да ги попречи федералните програми од кои бенефиции имаат сиромашните.

Демократскиот сенатор Ричард Дурбин од Илиноис за телевизијата FOX изјави:

„Треба да ги намалиме трошоците, но треба да обрнеме внимание и на приходите и програмите кои се сметаат за загарантирани“, вели тој.

Се работи за програми кои обезбедуваат пристап до здравствена грижа и приход за пензионирани лица и се сметаат за главен виновник за долгорочна фискална нерамнотежа во САД.

Републиканците предлагаат крај на директната федерална улога во некои од овие програми, префрлајќи ја одговорноста сојузните држави одделно, со намалена поддршка од државата. Демократите во принцип се согласуваат на реформи во овие правни програми, но допрва треба да изготват детален план.

Во меѓувреме, САД дојдоа до лимитот на федерачно задолжување. Доколку Конгресот не се согласи да го зголеми лимитот за висината на националниот долг, САД ќе се соочат со проблеми, а голем дел е од странските влади.

Претседателот Барак Обама објаснува како функционира овој дел од фискалната политика:

„Начинот на кој федералната влада се финансира себеси е со продавање на долгот на инвеститори, на други држави, преку владини меници.“

Претседателот се залага на зголемување на лимитот за национален долг, без оглед на тоа како ќе продолжат преговорите за буџетот. Републиакнците инсистираат на големи скратувања на трошоците, како услов за зголемување на тоа ограничување.

XS
SM
MD
LG