Линкови за пристапност

Уште четворица полицајци обвинети за инцидентот од времето на Катрина


Уште четворица полицајци обвинети за инцидентот од времето на Катрина
Уште четворица полицајци обвинети за инцидентот од времето на Катрина

Полицајците и двајца нивни претпоставени се обвинети и за наводно прикривање на инцидентот.

Американскиот Оддел за правда вели дека уште четворица полицајци од Њу Орлеанс се обвинети за вооружениот инцидент во кои загинаа две лица откако ураганот Катрина го поплави градот во 2005-та година.

Полицајците и двајца нивни претпоставени се обвинети и за наводно прикривање на инцидентот.

Американскиот главен правобранител Ерик Холдер по овој повод изјави дека властите нема да толерираат грешки од лица кои „дале заклетва да го штитат јавниот интерес“.

Во инцидентот четворица полицајци се обвинуваат дека пукале во невооружено семејство кое преминувало мост во Њу Орлеанс во хаотичните случувања по катастофалното невреме.

Четворицата поранешни полицајци од градот се изјасниле за виновни за прикривање на инцидентот, во кој покрај двајца загинати имало и четворица други повредени.

Полицајците признале и дека пукале врз минувачите на мостот, но мислеле дека тие се вооружени.

XS
SM
MD
LG