Линкови за пристапност

Седум компании ќе и` платат на американската влада 236 милиони долари

Седум компании ќе и` платат на американската влада 236 милиони долари
Седум компании ќе и` платат на американската влада 236 милиони долари

Надлежните соопштија дека случаите против меѓународните и американски компании го означуваат почетокот на нејзината акција против фирмите кои плаќаат поткуп во странство за да ги извршат своите деловни активности.

Седум компании се согласиле на американската влада да и` платат 236 долари казна за решавање на обвининенијата за поткуп.

Меѓу нив се нафтениот гигант Ројал дач шел од Британија и Холандија и Паналпина ворлд транспорт од Швајцарија.

Американската Комисија за хартии од вредност и размена ги обвини компаниите дека поткупувале цариници во повеќе земји низ светот, како Нигерија, Русија, Бразил, Мексико и Венецуела. Износите биле во милиони долари, во замена за посебен третман во однос на давачките и даноците што ги должеле.

Компаниите се обвинети и за плаќање поткуп за лажни документи со чија помош би добиле зелено светло во земјите да внесат опрема за нафтено дупчење.

Комисијата соопшти дека случаите против меѓународните и американски компании го означуваат почетокот на нејзината акција против фирмите кои плаќаат поткуп во странство за да ги извршат своите деловни активности.

This item is part of
XS
SM
MD
LG