Линкови за пристапност

БП ќе го тестира поклопецот за запирање на нафтеното излевање


Адмиралот Тад Ален, кој раководи со владиниот одговор на кататстрофата, рече дека по затворањето на вентилите на поклопецот ќе биде спроведено мерење на притисокот.

Бритиш петролеум ќе го тестира новиот поклопец за запирање на нафтеното излевање од потонатата платформа во Мексиканскиот Залив од каде веќе три месеци истекуваат милиони барели нафта.

Поклопецот беше инсталиран понеделникот по сложена тридневна операција.

Адмиралот Тад Ален, кој раководи со владиниот одговор на кататстрофата, рече дека по затворањето на вентилите на поклопецот ќе биде спроведено мерење на притисокот. Доколку поклопецот одржи висок притисок во рок од 6 до 48 часа, Ален предвидува дека тој може целосно да го спречи истекувањето.

XS
SM
MD
LG