Линкови за пристапност

БП: напредува акцијата за запирање на нафтеното излевање


БП: напредува акцијата за запирање на нафтеното излевање
БП: напредува акцијата за запирање на нафтеното излевање

Претставници на компанијата велат дека за инсталирање на новиот систем ќе бидат потребни четири до седум дена.

Нафтениот гигант Бритиш петролеум соопшти дека постигнал напредок во инсталирање на новиот поклопец врз изворот од потонатата платформа за дупчење во Мексиканскиот Залив, од каде веќе трет месец се излева нафта.

Претставници на компанијата велат дека за инсталирање на новиот систем ќе бидат потребни четири до седум дена и дека штом ќе проработи, ќе овозможи танкерите на површината да ја соберат практично сета излеана нафта.

БП понеделникот соопшти дека нафтеното излевање досега ја чинело околу 3,5 милијарди долари, како и дека исплатиле преку 52.000 барања за отштета на приватни и деловни лица, во вкупно вредност од речиси 165 милиони долари.

XS
SM
MD
LG