САД на енергетскиот гигант Бритиш петролеум му дадоа рок од 24 часа да обезбеди информации за операциите со кои би се удвоило собирањето на нафтата што и натаму се излева од потоната платформа во Мексиканскиот Залив.
Првиот човек на американската крајбрежна гарда, пензионираниот адмирал Тед Ален, испрати писмо до БП барајќи ја таа информација и велејќи дека напорите за сопирање на протокот на нафтата достигнале критична фаза.
Во писмото се бара прецизен план за тоа како ќе биде заменет делот од операцијата што не функционира, и детали и рокови за напорите на компанијата да додаде и трет танкер што би помогнал да се соберат и до 25.000 барели нафта дневно.