Линкови за пристапност

Уапсен висок функционер на опозиционата ДПА


Уапсен висок функционер на опозиционата ДПА
Уапсен висок функционер на опозиционата ДПА

Во партијата обвинија дека Хисен Муслиу е киднапиран од полициски служби по налог на работна група на ДУИ

Полицијата го уапси Хисен Муслиу, висок функционер на опозиционата ДПА и поранешен началник во Службата за државна безбедност, под обвинување дека фалсификувал досиеја по налог на партијата.

Во разговорот во полициска станица, приведениот признал дека материјалите ги имал пред да бидат објавени и дека му биле дадени од најтесното раководство на ДПА. Мотивот за неговото инволвирање, како што кажал разговорот, бил да и` се оддолжи на партијата и ветувањата кои ги добил за одредени позиции по евентуалното враќање на власт, рече помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.

Муслиу беше приведен синоќа во неговиот дом во Тетово во рамки на акцијата „Фалсификатор“ која МВР ја спроведе за утврдување на начинот на кој се изготвувани и проследувани фабрикуваните материјали. Акцијата почнала откако Комисијата за лустрација ги отфрли досиејата Мама, Вујко, Ибар и Стрелец, како фалсификати. При претресот во неговиот дом полицијата одзела два компјутера, две мемориски УСБ картички, неколку мобилни телефони и две уплатници со кои преку „Вестерн јунион“ биле исплаќани пари на име Божидар Спасиќ, поранешниот шеф на специјалниот тим на Југословенската служба за државна безбедност одговорен за албанската емиграција, соопшти МВР.

Во ДПА обвинија дека нивиот функционер е киднапиран од полициски служби по налог на работна група на ДУИ. Тие бараат Муслиу веднаш да биде ослободен.

Во ДУИ од своја страна изјавија дека немаат ништо со акцијата и дека бараат процесот на лустрација да биде ставен во институционални рамки.

Инаку денеска до Комисијата за лустрација беше доставено ново досие од граѓанин кој сакаат да остане анонимен. Документите се однесуваат на анализа на германската разузнавачка служба каде наводно се поткрепуваат потадоците од претходно објавните досиеја.

XS
SM
MD
LG