Линкови за пристапност

Анкети на ИРИ и Дневник го опипуваат пулсот за избори


Анкети на ИРИ и Дневник го опипуваат пулсот за избори
Анкети на ИРИ и Дневник го опипуваат пулсот за избори

На прашањето за кого би гласале доколку утре се одржат избори, во анкетата на ИРИ 28,7% рекле дека ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, а 15% СДСМ.

Според две најнови истражувања на јавното мислење, забележано е намалување на разликата во популарноста кај гласачите за владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ.

Една од анкетите ја спроведе Американскиот републикански институт – ИРИ, а другата агецијата Рејтинг, по нарачка на весникот Дневник.

На прашањето за кого би гласале доколку утре се одржат избори, во анкетата на ИРИ 28,7% рекле дека ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, а 15% СДСМ.

Слична е разликата во популарноста меѓу двете најголеми партии и според истражувањето на Дневник - 23,5% се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО- ДПМНЕ, додека 12,2% го поддржуваат СДСМ.

Двете анкети исто така покажуваат водство на владеачката ДУИ во етнички албанскиoт политички блок. Според истражувањето на ИРИ, ДУИ има 10% поддршка додека ДПА – 3%. ДУИ води и во истражувањето на Дневник со 5,3% наспроти 1,9% кои се изјасниле во корист на ДПА.

Анкетите во однос на политичките симпатии покажуваат зголемување на процентот на испитаници кои се неопределени. Според ИРИ нив ги има 22%, додека според Дневник, тие се дури 41%.

Дневник го истражуваше и расположението на граѓаните за предвремени избори. На прашањето - Дали сте за предвремени избори ако не се реши проблемот со името пред самитот на НАТО во ноември, 47% се „за“, а 38% „против“.

XS
SM
MD
LG