Линкови за пристапност

Митинг на опозицискиот СДСМ


Митинг на опозицискиот СДСМ
Митинг на опозицискиот СДСМ

Црвенковски кусо во обраќањето пред симпатизерите на опозицијата се осврна и на прашањето за проблемот со името. Според него, нема државјанин на Македонија кој сака да го смени името.

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз вчера го одржа најавениот митинг со кој, како што најави, сакаат да го победат стравот на граѓаните кој им е наметнат од оваа влада и воедно да започнат кампања за организирање на предвремени избори. „Ова е ненародна власт“, кажа на митингот лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

„Народот си ја бара државата назад, вечерва почнува битката за предвремени избори“, порача првиот човек на СДСМ. Овој режим, како што рече, бил „голема перална на пари“, заради што немало „пари за стечајците, за професионалните војници, за бранителите, за млекарите на Сведмилк, за повисоки цени на пченицата, затоа доцнат платите, а здравствениот и пензискиот фонд е во колапс“.

Црвенковски упати и директна порака до премиерот Груевски: „Сакам јасно, пред овој народ и во име на овој народ да ви порачам - за овој криминал, за овој грабеж, за ова предавство под маската на лажен патриотизам ќе одговарате и правдата ќе ве стигне“.

Црвенковски кусо во обраќањето пред симпатизерите на опозицијата се осврна и на прашањето за проблемот со името. Според него, нема државјанин на Македонија кој сака да го смени името.

„Јас сум првиот што не сака тоа да се случи, што тврди дека Грција спроведува една неправедна, недемократска, неевропска политика кон Македонија. Грција на најбезочен начин ги злоупотребува своите права како членка на НАТО и ЕУ. Но тој факт не ме ослободува од одговорноста да мислам на иднината на мојот народ, да најдам одговор на прашањето како и што понатаму“, рече на собирот Бранко Црвенковски

Обраќања имаа и претставници на стечајците, млекарите и невладините организации кои побараа оставка на Владата на Груевски. Според проценките на експертите на митингот биле собрани околу 30 илјади симпатизери на опозицијата. Петар Арсовски, комуниколог, за Гласот на Америка на македонски јазик изјави дека оваа цифра е реална и дека СДСМ со овој митинг ја постигнал целта:

„Тие сакааа да ја надминат психолошката бариера дека се партија со низок рејтинг и во тоа успеаа. Воедно ова беше прв сериозен удар на опозицијата што и` е нанесен на власта во изминатите години“, кажа Арсовски.

XS
SM
MD
LG