Линкови за пристапност

Македонските медиуми цитираат телеграма на Викиликс


Македонските медиуми цитираат телеграма на Викиликс
Македонските медиуми цитираат телеграма на Викиликс

Станува збор за четирите предмети: Раководството на ОНА, Мавровски работници, Липковско Езеро и Исчезнатите етнички Mакедонци

Викиликс и` се заканува на политичката сцена во Македонија. Медиумите во земјата денес пренесуваат наводи од телеграмa на Американската амбасада во Скопје, испратени до централата во Вашингтон во 2006-та година. Како што јавуваат медиумите, цитирајки го Викиликс, во една од телеграмите тогашната амбасадорка на САД Џилијен Миловановиќ известила дека имала работна вечера со тогашниот премиер Владо Бучковски. На вечерата се разговарало за хашките случаи при што Бучковски наводно кажал дека тогашниот јавен обвинител Александар Прчевски, на средбата во февруари 2006-та со високи претставници на Хашкото обвинителство, ќе бара само вербални ветувања за одложувањето на враќањето на овие случаи. Според медиумските наводи, Бучковски се плашел дека каков и да е` пишан документ ќе биде злоупотребен од тогаш опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, за напади кон владата дека е премногу мека кон Албанците.

Владо Бучковски денеска одби да даде каков и да е` коментар за ваквите написи во медиумите кои се повиукуваат на документите објавени на Виколикс.

Станува збор за четирите предмети: Раководството на ОНА, Мавровски работници, Липковско Езеро и Исчезнатите етнички Mакедонци. Од нив само еден влезе во судска процедура, додека другите три воопшто не се започнати.

Претседателот на ДУИ и поранешен лидер на ОНА Али Ахмети во јавноста тврдеше дека постои договор овие предмети да не се враќаат од Хаг во македонските судови. Хашкиот трибунал одби да постапи по нив, ниту пак се изјасни за тоа дали во нив станува збор за сомневања за воени злосторства, или не.

Една од темите во телеграма од амариканската амбасада е и случајот на Калед ел Масри. Како што јавуваат медиумите, Бучковски и ветил на Миловановиќ дека ќе продолжи да го поддржува тогашниот министер за внатрешни работи кој одбивал да го дискутира за случајот со новинарите во земјата.

„На Бучковски му олесна кога слушна од амбасадорката дека ни САД нема да го менуваат курсот по ова прашање, и дека ќе продолжат да одбиваат да зборуваат јавно за него“, јавуваат медиумите дека стои во телеграмата. Бучковски наводно побарал од амбасадорката за ова прашање да се консултира и со Германската амбасада во Скопје, затоа што Германците вршеле притисок врз Македонија да биде поотворена на оваа тема, но Миловановиќ одбила, пренесуваат денеска медиумите во Македонија.

XS
SM
MD
LG