Линкови за пристапност

Европска полициска брана во Гевгелија


На секои двајца пропуштени бегалци, во просек, по 1,5 мигрант на сите начини се обидува да ја помине границата

Полицајци од пет држави-членки на ЕУ, од Унгарија, Хрватска, Словачка, Полска и од Чешка, патролираат со македонските полицајци на македонско-грчката граница, обидувајќи се да ги спречат нелегалните премини на границата на лицата кои по воведувањето селективен третман и поделба на бегалци од воените жаришта (Сирија, Авганистан и Ирак) и на економски мигранти, се прогласени за лица од подрачја во кои нема активни воени судири и за кои границите на Европа, остануваат затворени.

Покрај полицајците од земјите од ЕУ, на македонските колеги им помагаат и полицајци од Србија, а сите заедно се обидуваат да го намалат бројот на илегални премини на државјаните на Иран, Мароко, Непал, Алжир, Пакистан, Јемен...

Истовремено, на грчката страна од граничната линија доцни распоредувањето на силите на „Фронтекс“, односно, се уште ги нема договорените, најмалку 400 припадници на оваа формација, кои треба да ги ја дополнуваат европската база на податоци за регистрацијата на бегалците, да ги контролираат издадените документи за бегалците во Грција и притоа да ги откриваат евентуалните фалсификувани документи, зашто според податоците објавени во медиумите, покрај секојдневните обиди за илегално поминување на границата, зголемен е и бројот на обидите за премин со фалсификувани патни исправи. Медиумите објавуваат и дека на македонска страна на границата дневно се регистрираат и по 150 фалсификувани пасоши, или, повикувајќи се на статистика на македонската полиција, дека на двајца бегалци, во просек се откриваат по 1,5 мигранти, кои се обидуваат да ја избегнат контролата.

Од 1 jануари до 10 јануари во Македонија влегле 17.882 бегалци, од кои 6.556 се деца, главно од Сирија - 7.584 и Авганистан - 6.566 и нешто помалку од Ирак - 3.732 лица.

XS
SM
MD
LG