Американски разузнавачки лица велат дека три сомнителни пакети од Јемен за САД во септември веројатно биле тест за минатонеделниот терористички заговор со бомбите -пратки.
Властите велат дека пакетите испратени во септември биле пресретнати од агенти на разузнавањето пред да стигнат до крајната дестинација – Чикаго. Во пратките имало книги, хартија, компакт дискови и други материјали.
Властите наведуваат дека филијалата на Ал Каида на Арапскиот Полуостров со седиште во Јемен ги користела пратките за да ја планира маршутата и тајмингот на два контејнера со мастило за комјутерски печатач, полни со експлозиви. Контејнерите минатата недела беа пресретнати во Британија и Дубаи, откако биле испратени од Јемен.
Разузнавачки претставници велат дека знаеле за интересот на терористите за напад врз воздухопловната индустрија, особено карго-авионите. Тие додаваат дека инцидентот од септември всушност поттикнал брза реакција во минатонеделниот заговор.