Линкови за пристапност

Њујоршката полиција бара осомничени за обидот за бомбашки напад


Полицијата вели дека засега нема докази за вмешаност на Талебан во обидот за напад и покрај спротивните тврдења од пакистанска група.

Полицијата во Њујорк трага по осомничени лица кои стојат зад обидот за бомбашки напад на Тајмс сквер во саботата.

Властите велат дека на видео снимка од набљудувачка камера се гледа како неидентификуван маж на околу 40-годишна возраст ја напушта областа, ја соблекува кошулата и гледа назад во насока на возило во чад.

Полицијата вели дека засега нема докази за вмешаност на Талебан во обидот за напад и покрај спротивните тврдења од пакистанска група.

Началникот на њујоршката полиција Рејмонд Кели, изјави дека доколку експлодирала бомбата, би го преполовила автомобилот во кој се наоѓала, и би создала „голема огнена топка“.

Властите додаваат дека импровизираната бомба била составена од три контејнери со пропан, петарди, два контејнери бензин и два часовника на батерии. Портпаролот на полицијата изјави дека се чини оти започнал процесот на детонирање на бомбата, но бил прекинат заради некаков дефект.

Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг ја пофали полицијата за брзата реакција.

Блумберг истакна дека Њујорк е безбеден, подвлекувајќи дека Тајмс сквер, каде се наоѓа централната бродвејска сцена, во неделата бил повторно преполн со луѓе.

XS
SM
MD
LG