Линкови за пристапност

Втор годишен празничен концерт на македонската култура во САД


Втор годишен празничен концерт на македонската култура во САД
Втор годишен празничен концерт на македонската култура во САД

Еден од приоритетите на културната политика на Македонија е меѓународната презентација

Понатиот гитарист Владимир Четкар во македонската амбасада во Вашингтон се претстави со авторска музика, во придружба на Мото Фукушима на бас и Џефри Фахардо на тапани. Музиката на Четкар ја слушнаа бројни претставници од Конгресот и Сенатот, приватниот сектор и уметници.

Организаторите веќе втора година по ред ја промовираат македонската култура пред Американците.

„Ова е еден начин да успееме да ги размениме нашите културни вредности. Културата е нешто што не` спојува и не` поврзува, не` прави различни во процесот на дијалогот и просперитетот на земјата. Ова е можност да ги размениме овие искуства, да ги запознаеме културните вредности и да размениме некои проекти со цел да ја спознаеме таа културна разноликост и вредности кои се специфични за сите држави“, изјави за Гласот на Америка на макеоднски министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска.

Еден од приоритетите на културната политика на Македонија е меѓународната презентација.

„Македонија е земја со богато културно богатство и наследство, имаме врвни уметници кои имаат оставено значителен белег и добиле бројни светски награди. Тоа сакаме да му го покажаме на светот“, коментира македонската министерка за култура.

Концертот се одржа по повод претстојниот американски празник, Денот на благодарноста.

„Насловот на настанот гласи - Благодарност од македонскиот до американскиот народ. Со ова сакаме да ја искажеме благодарноста од македонската држава до САД за поддршката што ја добиваме од нашата независност до ден-денес“, изјави македонскиот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски.

XS
SM
MD
LG