Линкови за пристапност

Владимир Четкар во познатиот вашингтонски клуб „Блуз ели“


Македонски џез во Вашингтон
Македонски џез во Вашингтон

Владимир Четкар беше придружуван од Мото Фукушима на бас-гитара, Милан Милановиќ на пијано и Арон Стил на тапани. Се претстави со сопствени нумери

Младиот македонски гитарист со диплома од престижниот „Беркли“, Владимир Четкар, настапи во популарниот, светски прочуениот џез-клуб „Блуз ели“. Вели, му се исполнила желбата да биде дел од програмата на реномираниот музички центар.

Владимир Четкар во познатиот вашингтонски клуб „Блуз ели“
Владимир Четкар во познатиот вашингтонски клуб „Блуз ели“

Владимир Четкар беше придружуван од Мото Фукушима на бас-гитара, Милан Милановиќ на пијано и Арон Стил на тапани. Се претстави со сопствени нумери.

Промовираше дел од последниот албум, во оригинал насловен „We will never end“, но и од новиот, што треба да излезе на крајот од летото, а е фузија од фанк, соул, џез...

Од каде црпи инспирација?

„Секој музичар е интереснба комбинација од сето тоа што го конзумирал и дигестирал во текот на неговата музичка надградба, како и од менталитетот од местото од каде доаѓа“

Иако подолг период живее во САД, а од неодамна во Њујорк, врз Четкар големо влијание во творењето има - Македонија:

“Инспирација ми дава и прекрасниот менталитет во Македонија; топлината на луѓето, како тие на некој начин имаат нешто универзално, космополитско во својата комуникација и светот тоа се` повеќе ќе го осознава“

Четкар е првиот Македонец што настапи во овој славен вашингтонски клуб, што воедно е голем успех и за македонската музика и за нејзината промоција во Америка.

Во долгогодишната историја на клубот „Блуз ели“ имаат настапувано многу славни џез-музичари, меѓу кои Ела Фицџералд, Дизи Гилеспи, Оскар Питерсон, Чарли Мингус, Вејн Шортер, Винтон Марсалис, Грувер Вашингтон...

XS
SM
MD
LG