Линкови за пристапност

Тони Блер плачел за жртвите од војната во Ирак


Тони Блер плачел за жртвите од војната во Ирак
Тони Блер плачел за жртвите од војната во Ирак

Блер планира профитот од продажбата на книгата да го донира во хуманитарни цели за помош на ранетите војници.

Поранешниот британски премиер Тони Блер во својата најнова книга со наслов „Патување“, пишува дека многупати плачел за жртвите во Ирак, но не жали за одлуката да влезе во војна против Садам Хусеин.

Во извадоците од мемоарите се наведува дека иако длабоко жали за изгубените животи, да се оставел Хусеин и неговите синови на власт би било многу полошо и поголем ризик за безбедноста во Британија отколку да се соборат од власт.

Блер планира профитот од продажбата на книгата да го донира во хуманитарни цели за помош на ранетите војници. Британскиот премиер се повлече во 2007-та година по 10 години минати на функцијата.

XS
SM
MD
LG