Ал-Каида објави тонска снимка на Осама бин Ладен направена неколку дена пред да биде убиен.
Американската монтиноринг-служба „Сајт“, соопшти дека Бин Ладен на снимката ги фали револуциите на Блискиот Исток и во Северна Африка и вели дека „ветриштата на промени“ ќе се прошират низ целиот муслимански свет.
Во 12-минутната порака, Бин Ладен изразува задоволство од востанијата во Египет и Тунис, се осврнува на нив и нуди инструкции и совети.
Бин Ладен ги осудува лидерите од земјите во регионот заради тоа што се самопрогласиле за идоли и ги користат медиумите да се оддржат на власт.