Американскиот потпретседател Џо Бајден е фатен на камера со коментар упатен кон менаџер на локална слаткарница.
При кусо застанување за сладолед, на пат во сојузната држава Висконсин, Бајден бил снимен како прашува колку должи. Менаџерот рекол: „Намалете ги даноците и не треба да платите“.
Бајден не одговорил веднаш, заминал, и потоа се вратил за да го праша менаџерот „зошто не можел да каже нешто убаво“ наместо да „се прави паметен“.
Менаџерот подоцна на новинар изјавил дека уживал во кусата размена на зборови и дека Бајден рекол оти се шегува. Менаџерот кажал дека потпретседателот има „одличен карактер“, но дека очигледно не му се допаднала неговата забелешка за доноците.
Потпретседателот има репутација на давање политички неприкладни и често вулгарни коментари.