Американскиот потпретседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Ши Џинпинг ги започнаа официјалните разговори во Пекинг со напомена дека целиот свет може да има корист од подобрените односи меѓу двете земји.
Кинеската новинска агенција Ксинхуа го цитираше Ши дека двете држави споделуваат мошне големи интереси и одговорности. Тој оцени дека подобрените односи се од интерес не само за Пекинг и Вашингтон, туку и за светот.
Бајден возврати дека економската стабилност во светот зависи „во значителен дел“ од соработката меѓу двете земји.
Средбата Бајден - Ши најверојатно ќе биде фокусирана на економски прашања. Се очекува американскиот потпретседател да го увери домаќинот дека САД се економски стабилни и дека кинеските инвестиции не се во опасност.