Линкови за пристапност

Американските банки критикувани за плаќање огромни компензации


Американските банки критикувани за плаќање огромни компензации
Американските банки критикувани за плаќање огромни компензации

Многумина Американци се лути што извршните лица примаат огромни бонуси додека доларите на даночните обврзници се тие што ги одржуваат овие компании во живот.

Кенет Фаинберг, надлежен за ревидирање на работењето на големите финансиски институции во САД, откри дека 17 банки на своето извршно раководство му исплатиле вкупно 1,6 милијарди долари откако ги добиле вонредните заеми од владата.

Овој експерт специјално назначен од администрацијата на претседателот Барак Обама за овој случај, испитал преку 400 банки во земјата.

Многумина Американци се лути што извршните директори примаат огромни бонуси додека доларите на даночните обврзници се тие што ги одржуваат овие компании во живот.

„Даночните обврзници имаат право да бидат бесни, а кој не би бил?“, вели Фајнберг.

Дејмон Силверс ја претставува Американската работничка федерација:

„Кога една компанија е во неволја, особено финансиска компанија, готовина е она што е потребно. Но да се исплати огромна сума на пари, освен кога се мора, не е во интерес на компанијата и не е во интерес на јавноста“, вели тој.

Скот Талбот е портпарол на организацијата Тркалезна маса за финансиски услуги, што застапува 100 од најголемите компании за финансиски служби во САД.

„Треба да обезбедите мотивација за вработените максимално да се залагаат. Точно е дека исплатата на Вол Стрит отстапува од нормите на остатокот на Америка, но ова е посебна група луѓе кои можат да вршат вакви активности“, вели Талбот.

Тој додаде дека специјалните компензации на вработените во банките биле авторизирани од трети страни - на време.

Тука ги наброи акционерите, како и независни комисии за компензација во секоја од компаниите.

Фаинберг нема овластување да ги присили банките да ги вратат добиените пари. Тој вели дека 11 од 17-те компании веќе ја отплатиле владината помош со камата. Овој експерт ги охрабрува банките да усвојат нови регулативи за ограничување на исплатите на извршното раководство во случај на идни кризи.

Претседателот Обама вели дека огромните бонуси на раководството на банките се доказ за потребата од реформи во финансискиот систем. Оваа мерка деновиве тој ја потпиша и со тоа стана закон.

Обама истакна дека реформите ќе ја елиминираат потребата од идни владини заеми за финансиските институции.

XS
SM
MD
LG