Линкови за пристапност

Клинтон наскоро на балканска турнеја


Клинтон наскоро на балканска турнеја

Клинтон ја најави турнејата средата, појавувајќи се заедно со високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон во Стејт департментот.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон за десетина дена ќе замине за Србија, да го олесни дијалогот на релација Белград и Приштина.

На турнејата од 11-ти до 14-ти октомври ќе ги посети Белград, Приштина и Сараево, а ќе престојува и во Брисел.

Клинтон ја најави турнејата средата, појавувајќи се заедно со високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон во Стејт департментот. Државната секретарка рече дека има намера да се сретне со лидерите од Косово и Србија, но и со граѓаните на двете земји.

XS
SM
MD
LG