Линкови за пристапност

Американски воен авион се урна во Арапското Море

Американската Петта флота во соопштението наведува дека авионот се урнал откако искусил механички проблеми, како и дека четиричлениот екипаж го напуштил авионот.

Радарски авион на американската морнарица средата се урна во северниот дел на Арапското Море. Спасувачите трагаат по еден член на екипажот кој се води за исчезнат.

Американската Петта флота во соопштението наведува дека авионот се урнал откако искусил механички проблеми, како и дека четиричлениот екипаж го напуштил авионот.

Леталото од типот Е-2Ц Хокај било стационирано на американскиот носач на авиони Двајт Д. Ајзенхауер. Армијата вели дека авионот се урнал при враќањето од мисија поврзана со американските операции во Авганистан.

This item is part of
XS
SM
MD
LG