Линкови за пристапност

Земјотрес погоди руднички регион во Австралија


Земјотрес погоди руднички регион во Австралија

Претставници на рудникот велат дека биле евакуирани сите рудари

Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди регионот Голдфилдс во Австралија, при што биле повредени две лица и оштетени објекти, а бил затворен и рудникот за злато Супер пит.

Полицијата јави дека на две лица од градот Болдер, на околу 600 километри источно од Перт, им била укажана помош за помали телесни повреди.

Претставници на рудникот велат дека биле евакуирани сите рудари. Рудникот е затворен за да се направи проценка на направената штета.

Земјотресот во Болдер урнал неколку покриви и балкони.

XS
SM
MD
LG